среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Писмо со непозната супстанција испратено до француската амбасада во Москва

Писмо со непозната супстанција испратено до француската амбасада во Москва

Писмо со непозната супстанција било испратено до француската амбасада во Москва, јавија руски медиуми повикувајќи се на локалната полиција.

– Вработените во француската амбасада во понеделникот вечерта добија писмо со непозната супстанција. Полицијата работи на местото на настанот, рекол извор, пренесува ДПА.

Француското Министерство не го коментираше извештајот.

Претходно во април руските медиуми јавија дека амбасадата на Финска во Москва добила три сомнителни писма, од кои едното содржело непознат прав. (МИА)