недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Планинар преживеал хорор: Со скршена нога два дена ползел за да се спаси

Планинар преживеал хорор: Со скршена нога два дена ползел за да се спаси

Еден австралиски планинар, кој бил повреден откако паднал во водопад од шест метри, изјавил дека морал да ја „носи“ скршената нога додека ползел на чистинката од која бил спасен по два дена.

Нил Паркер (54) бил сам на патување на теренот во близина на Бризбејн, кога се лизнал во неделата и заврши со скршен зглоб и потколеница која „пукналана половина“, пренесува Би-Би-Си.

Имајќи предвид дека го загубил мобилниот телефон, тој одлучил дека негова најдобра перспектива за спасување е да стигне до чистинка. После дводневната агонија, тој стигна до една чистинка каде го забележале спасувачите.

„Ползев метар, метал и пол, па се одмарав“, им рекол тој пред новинарите во болницата.

„Ми требаа два дена за три милји. Мислев дека никогаш нема да стигнам таму“, рекол тој.

Паркер рекол дека планирал тридневно патување на планината Маунт небо кога карпите започнале да се тркалаат и тој паднал во водопадот.

Паркер имал завои во неговата опрема што ги комбинирал со стапчиња за да ја имобилизира ногата, а исто така имал и лекови против болки, како и храна.