Списанието Форбс го објави списокот на 100 најмоќни жени во светот, а германската канцеларка Ангела Меркел се најде на првото место, десетта година по ред.
На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новата потпретседателка на САД. Првата жена, која воедно е и првата црна Американка и првата Азијка Американка која е избрана за потпретседателка на САД, по првпат се најде на листата на најмоќни.
На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
Најмоќните жени на годишна листа на Форбс доаѓаат од 30 земји, а меѓу нив има и10 шефици на држави и 38 од деловниот свет. Тука се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, ТВ ѕвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, пејачките Ријана и Бијонсе.