Социјалната мрежа Твитер е блокирана на територијата на Руската Федерација, соопшти Роскомнадзор, телото за следење на електронските комуникации.
Според новинската агенција Интерфакс, пристапот до Твитер бил ограничен врз основа на барање на јавното обвинителство на 24 февруари. Роскомнадзор претходно објави дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на територијата на Русија. Во меѓувреме, голем број корисници на Твитер во Русија се пожалија дека новата социјална мрежа е блокирана во таа земја.
Оваа вест доаѓа откако се појави информација дека рускиот претседател Владимир Путин го потпишал Законот за лажни информации.