Алжирскиот новинар Рабах Карече денеска е ослободен од затвор откако отслужи шестмесечна казна за „ширење лажни вести“, објави неговиот весник Либерт.
На 11 октомври, Апелацискиот суд го осуди Карече на шест месеци затвор плус шест месеци условно, два месеци помалку од првобитната казна. Неговото денешно ослободување бидејќи тој веќе отслужи голем дел од казната за време на судењето и жалбата.
Карече беше уапсен во април, откако објави дека берберско малцинство Туарезите,, кои долго време се жалеа на економска и социјална маргинализација, протестираа против „експропријацијата“ на нивните историски земји.
На 12 август, тој беше осуден на осум месеци затвор плус четири месеци условно за „ширење лажни информации што можат да му наштетат на јавниот ред“. Тој е обвинет и за објавување пораки што можат да предизвикаат „сегрегација и омраза во општеството“.
Јас сум жртва на сериозна неправда.Не направив ништо повеќе освен што професионално си ја извршував работата, посочи Караче.
Алжир според Индексот за слобода на печатот рангиран е на 146. место од 180 земји.