четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По воениот удар во Картум избија насилни протести

По воениот удар во Картум избија насилни протести

Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе.

Во градот нема интернет, а аеродормот е затвоен,

Армијата денеска приведе министри и премиерот Абдал Хамдок, кој е одведен на непозната локација откако одби да го поддржи воениот удар.

Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на владејачкиот Суверен совет, тело формирано по соборувањето на режимот на претседателот Омар ал Башир во 2019 година за да ја надгледува поделбата на власта меѓу цивилите и војската, прогласи вонредна состојба и го распушти Советот и Владата.

Директорот на канцеларијата на Хамдок, Адам Хереик изјави дека армијата извршила воен удар и покрај постигнатиот договор помеѓу Хамдок и Бурхан.

Претходно, специјалниот претставник на САД за Рогот на Африка, Џефри Фелтман, изјави дека Вашингтон е „длабоко вознемирен од извештаите за воено преземање“ во Судан.

– Тоа би било спротивно на Уставот и демократските аспирации на суданскиот народ и е крајно неприфатливо. Како што постојано повторуваме, секоја промена на преодната влада со сила ја става во опасност американската помош, истакна Фелтман.  (МИА)