четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина генералниот секретар на ОПЕК

Почина генералниот секретар на ОПЕК

Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Мохамад Баркиндо почина на 64-годишна возраст, соопштија денеска нигериските власти.

Портпаролот на нигериското Министерство за нафта потврди дека Баркиндо починал во Абуџа, еден ден по средбата со нигерискиот претседател во главниот град на земјата.

Не е познато што ја предизвикало смртта на генералниот секретар на ОПЕК.

Баркиндо беше генерален секретар на ОПЕК во последните шест години.