вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина осомничениот за убиството на претседателот на Хаити, бил позитивен на Ковид-19

Почина осомничениот за убиството на претседателот на Хаити, бил позитивен на Ковид-19

Осомничениот за убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, Жилбер Драгон (52) почина додека бил пренесуван во болница од притвор откако имал симптоми на коронавирус, изјавила неговата сопруга.

Драгон, поранешен полициски комесар, починал од срцев удар, изјавила Мари Лесли Ноел додавајќи дека поминала две недели во обид да го премести во болница и се борела да му биде направен ковид тест навреме.

-Конечно добив дозвола да го пренесам во болница во средата попладне и тој почина по пат. Две недели се борев за него, вели таа.

Полицијата соопштила дека Драгон бил во контакст со останатите осомничени, вечерта пред убиството на претседателот на 7 јули и учествувал на состаноците на кои е планиран атентатот.