петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина претседателот на Тунис

Почина претседателот на Тунис

Претседателот на Тунис Бежи Каид Есебси почина денес на 92 годишна возраст, соопшти претседателството на оваа земја.

Есебси вечера бил примен во воената болница во Тунис, откако била влошена неговата здравствена состојбата.

Изминатиот месец, како што јавуваат светските медиуми, често бил хоспитализиран.

Есебси својата политичка кариера ја започнал во 1981 година, како министер за надворешни работи.

По револуцијата во 2011 година станува вршител на должноста премиер на Тунис.

Во 2014 година, пак, беше избран за претседател на Тунис.