сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна акцијата за спасување на децата и нивниот тренер

Почна акцијата за спасување на децата и нивниот тренер

Акција за спасување на 12 деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време, јавуваат светските медиуми.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно евакуирани се сите луѓе, освен спасувачите, докторите и обезбедувањето, јавува Би-Би-Си.

Акцијата ја спроведуваат 13 нуркачи, осум странци и петмина припадници на тајландските морнарички фоки.

Засега не е јасно на кој начин децата ќе бидат извлечени од пештерата Там Луанг.

Би-Би-Си исто така јавува дека на децата ќе се чекаат најмалку 11 часа за да излезат од пештерата, односно околу 21 часот по локално време.

Командирот на акцијата за спасување, Нарогсак Осатанакорн рече дека спасувањето би можело да трае од два до четири часа, јавува АП.

Тој потенцира дека 12. деца и нивниот тренер се физички подготвени и ментално одлучни за извлекувањето од пештерата.

Командирот вели дека 13 возила на итната медицинска помош се подготвени, како и два хекикоптери на различни локации.

Наронгсак нагласи и дека акцијата е почната зашто нивото на водата во пештерата во моментот е оптимално.