понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

Почна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

Третото испуштање на 7.800 тони прочистена радиоактивна отпадна вода во океанот започна денеска од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима.

Јапонските власти соопштија дека двете претходни испуштања на прочистена радиоактивна вода поминаа без проблем.

Операторот на нуклеарната централа ТЕПКО, наводно, испуштил 7.800 тони прочистена вода во првите две испуштања и планира да испушти иста количина во третата серија до 20 ноември.