недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Подољак: Москва се обидува да испровоцира предвремена украинска контраофанзива

Подољак: Москва се обидува да испровоцира предвремена украинска контраофанзива

Според Владата во Киев, Москва ја променила тактиката во војната со Украина, која трае веќе 15-ти месец и почнала намерно да изведува ракетни напади врз станбени области.

– Нема сомнеж дека тие вршат директни напади врз станбени згради или места со многу куќи, кои припаѓаат на цивилното население, изјави советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подолљак.

Тој додаде дека една од целите на промената на тактиката е да се предизвика брза контраофанзива.

– Најновите ракетни напади имале за цел да тестираат дали Украина може да го одбрани сопствениот воздушен простор, посочи Подољак.

За време на зимските месеци Русија ги фокусираше своите напади првенствено на енергетската инфраструктура на Украина.