недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Покрената нова истрага против поранешниот пакистански премиер Кан поради наводно оддавање државни тајни

Покрената нова истрага против поранешниот пакистански премиер Кан поради наводно оддавање државни тајни

Пакистанските власти покренаа нова истрага против поранешниот премиер Имран Кан, кој се наоѓа во затвор, и против тројца негови соработници поради обвинение за оддавање државни тајни, потврди денеска добро информиран извор од пакистанскиот безбедносен сектор.

Истрагата се однесува на доверлива телеграма испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон на почетокот на минатата година, која Кан наводно ја објавил во јавноста.

Имран Кан, 70-годишниот политичар и поранешен играч на крикет, обелодени дека доверливата телеграма била дел од американскиот заговор, пакистанската војска да се принуди да го собори од власт со гласање недоверба во 2022 година, бидејќи тој ја посетил Москва пред рускиот напад врз Украина, но и официјален Вашингтон и пакистанската војска ги негираат обвинувањата на Кан. Кан моментално отслужува тригодишна затворска казна поради корупција и му е забрането пет години да се занимава со политиката.

„Нашата истрага е во фаза на собирање докази за покренување обвинение против Имран Кан за оддавање службени тајни“, вели безбедносен извор директно одговорен за истрагата. (МИА)