недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицајка снимена како се бакнува со затвореник! (Видео)

Полицајка снимена како се бакнува со затвореник! (Видео)

Затворска полицајка дала отказ откако во јавноста биле објавени снимки на кои се гледа како се бакнува со затвореник во затворот Адивел во Шкотска. Извори блиски до полицајката откриле дека таа не знаела оти ја снимаат и дека на таков чекор, отказ, се решила заради притисокот што го трпела.

Инаку, во видеото се гледа како затвореникот го мести телефонот со намера да ја сними посетата на полицајката.

Таа ја отвора вратата, а тој ја повлекува кон себе и се бакнуваат. Жената не се противи, напротив меѓу бакнежите и разговараат. Откако полицајката заминува, затвореникот ја гаси камерата.