Полицијата уапси над 1.500 демонстранти во Русија, покажаа извештаи на руски организации за човекови права.
Откако претседателот Владимир Путин најави мобилизација на 300.000 регрути за војната во Украина, луѓе протестираа во голем број руски градови.
Како што пишуваат дел од медиумите, станува збор за најголемите протести во Русија од демонстрациите што избија по објавувањето на почетокот на руската офанзива во Украина во февруари.
Демонстранти извикуваа „Не за војната“, „Не за мобилизацијата“, „Путин во ров“.
Полицијата користеше сила при соочувањето со демонстрантите.
Поединци излегоа на улица и покрај заканите дека со законот донесен пред неколку месеци може да се добие и 15 години затворска казна.
Протестите во речиси 40 градови Кремљ ги нарече „помали демонстрации“.
Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи изјави дека полицијата ги спречила обидите за организирање незаконски акции и имало многу мал број учесници.