среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полициска истрага против принцот Чарлс, се сомничи за донации од саудиски милијардер

Полициска истрага против принцот Чарлс, се сомничи за донации од саудиски милијардер

Британската полиција започна истрага за наводите дека добротворната организација на принцот од Чарлс го прекршила Законот за чест и примила донации со цел да се обезбедат почести и државјанство за саудиски милијардер.

-Одлуката уследи по проценката на писмото од септември 2021 година и медиумските извештаи во кои се наведува дека на организацијата и биле дадени донации со цел да се обезбедат почести и државјанство за саудиски државјанин, соопшти полицијата.

Од полицијата додаваат дека извесно е дека ќе се спроведе подетална истрага, но дека досега никој не е уапсен ниту сослушан во врска со обвинувањата.

Претходно медиумите во Британија пишуваа дека фондацијата на принцот Чарлс во моментоц е под истрага бидејќи неговиот главен помошник Мајкл Фосет (58) е обвинет дека на Махфуз Мареи Мубарак бин Махфуз му понудил титула витез, во замена за добротворни донации.

Принцот Хари, исто така, се сретнал како милијардер во паб во Челзи во Западен Лондон, а еден саудиски милијардер претходно донирал 50.000 фунти во добротворната организација на принцот Хари. Меѓутоа, војводата од Сасекс неодамна ги прекина сите врски со Бин Махфуз бидејќи то, како што изјавии, бил „длабоко загрижен за намерите на саудјскиот донатор“.