Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон си поднесе оставка.
Тоа е втора оставка во британската влада за помалку од 24 часа, затоа што претходно министерот за Брегзит го направи истото.
Џонсон е еден уште еден министер кој одлучи да ја напушти владата, а не да го поддржи планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
-Ова попладне, премиерката ја прифати оставката на Борис Џонсон како министер за надворешни работи. Наскоро ќе се знае кој ќе го замени. Премиерката му се заблагодарува на Борис за неговата работа, соопшти портпаролот на Владата.