вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Политико: Матео Ренци се враќа во политиката

Политико: Матео Ренци се враќа во политиката

По неколку жешки августовски недели на италијанската политичка сцена поранешниот италијански премиер Матео Ренци се враќа во политиката, излегувајќи од политичката сенка, а притоа „ранувајќи“ тројца свои најголеми ривали, забележува „Политико“ од својата европска редакција.

Подавајќи му рака на својот поранешен непријател  – Движењето „Пет звезди“, поранешниот градоначалник на Фиренца, познат во неговата земја како „ разурнувач“, го отвори патот за новата влада на политичкиот центар. Тоа му дава шанса на Рим да се врати на курсот по кој се движат Берлин, Париз и Брисел, и да не биде оставен на патот, следен од Будимпешта и Москва, коментира порталот.

Откако во 2016 година ја загуби функцијата премиер, а минатата година и на лидер на  левоцентристичката Демократска партија (ДП), Ренци изгледа беше оставен на заборавот, останувајќи обичен  сенатор, кој ги напаѓа политичките противници со постови на социјалните мрежи.

Неговото свртување кон Движењето „Пет звезди“ минатиот месец ги заинтригира неговите непријатели. Откако го блокира сојузот со партијата на минатогодишните општи избори, тој одеднаш објави дека е подготвен да се обедини со своите непријатели за да ја спречи крајнодесничарската партија на Матео Салвини – Лига, да се врати на власт со евентуална победа на избори во текот на есента.

-За мене сојузот со Движењето „Пет звезди“ е огромна жртва. Ја правам само за Салвини да го испратам дома и да ја спасам италијанската економија, призна Ренци.

„Ова е услуга која и ја правам на земјата и се обидувам да и подадам рака на Европа во момент кога се навестува катастрофален Брегзит, а германската економика е во застој“, дополни Ренци во интервју за „Политико“. (МИА)