Откако се појави веста дека Полска е подготвена да ги пренесе сите свои авиони МиГ-29 во Германија и да ги стави на располагање на САД, се огласи полското Министерство за надворешни работи.
„Властите на Република Полска, по консултации меѓу претседателот и Владата, се подготвени веднаш и бесплатно да ги распоредат сите свои авиони МИГ-29 во воздухопловната база Рамштајн и да ги стават на располагање на Владата на Соединетите Американски Држави“, е наведено во соопштението, според локалните медиуми.
„Истовремено, Полска бара од САД да ни обезбедат половни авиони со соодветни оперативни способности“, било нагласено во соопштението.
Во истото, според написите стои дека „Полска е подготвена веднаш да ги одреди условите за купување на авионите. Полската влада бара и од другите сојузници на НАТО, кои поседуваат авиони МИГ-29, да постапат на ист начин“, информирале од полското МНР.