четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полска го официјализираше барањето за репарации од Германија

Полска го официјализираше барањето за репарации од Германија

Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау потпиша дипломатска нота до Германија за репарации од Втората светска војна, со што го официјализираше барањето на Полска за репарации.

Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари.

Додека Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, тврди дека сите парични побарувања поврзани со војната се намирени.

Околу шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на Втората светска војната, а Варшава беше срамнета со земја по бунтот во 1944 година во кое загинаа околу 200.000 цивили. Во 1953 година, тогашните комунистички владетели на Полска се откажаа од сите барања за воени репарации под притисок на Советскиот Сојуз.