петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полската владејачка партија за намалување на платите на политичарите

Тој посочи дека парите кои досега биле издвојувани за бонуси, а станува збор за околу 357.000 евра во 2017 година, ќе бидат донирани на добротворна организација на Католичката црква.
Полската владејачка партија за намалување на платите на политичарите

Платите на политичарите во Полска ќе бидат намалени, а бонусите кои до неодамна беа исплатувани на министрите, од сега ќе бидат наменети за добротворни цели, соопшти денеска лидерот на полската владејачка партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински.

Тој истакна дека неговата партија ги зела предвид острите реакции на јавноста и потсети на својата поранешна изјава дека „во политика не се влегува заради пари“.

– Јасно е дека луѓето се сеќаваат на тие зборови и поради тоа реагираа на бонусите, очекувајќи поголема умереност во јавниот живот, истакна Качински.

Тој посочи дека парите кои досега биле издвојувани за бонуси, а станува збор за околу 357.000 евра во 2017 година, ќе бидат донирани на добротворна организација на Католичката црква.

Покрај тоа, според планираните законски измени, платите на пратениците и функционерите во сите нивоа на Владата ќе бидат намалени, а Качински изрази надеж дека новите мерки ќе стапат во сила до почетокот на летото.

Минатонеделната анкета покажа дека поддршката за Право и правда е намалена за 12 отсто, откако медиумите информираа за висината на бонусите кои министрите ги зеле минатата година. Партијата дојде на власт 2015 година, остро критикувајќи ја тогашната власт дека има прекумерни трошоци.

(Миа)