Полски градоначалник загина откако падна од прозор на четврти кат во хотел во Сардинија, Италија, јави денеска агенцијата АНСА.
Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација во службена посета на Сардинија.
Несреќата се случила ноќеска, околу два часот во хотелот „Дју Колон“ во историскиот центар на градот.
Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорската даска и паднал од височина поголема од десет метри.
Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот е резултат на несреќа. Идентитетот на жртвата не е соопштен.