вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полскиот премиер во самоизолација по контакт со заразен со коронавирус

Полскиот премиер во самоизолација по контакт со заразен со коронавирус

Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки соопшти дека ќе биде во самоизолација и се префрла на работа од далечина, откако е утврдено дека бил во контакт со лице заразено со новиот коронавирус,

„Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест за Ковид-19. Во согласност со санитарните правила, јас сум во карантин”, напиша Моравјецки на Фејсбук.

„Останувам во контакт со моите соработници, владата работи нормално“, додаде тој, повикувајќи ги Полјаците да ги следат санитарните правила, да носат маски и да одржуваат физичка дистанца.

Во последните 24 часа во Полска се утврдени 5.068 нови заразени и 63 смртни случаи, со што вкупно во земјата се инфицирани 135.278, односно 3.101 пациенти починале од Ковид-19.