Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран дека ги користи своите амбасади за планирање терористички напади во Европа.
– Само во текот на изминатата недела во Европа се уапсени Иранци кои подготвувале терористичка завера во Париз. Го видовме тоа кобно однесување во Европа, рече Помпео во интервју за Скај њуз Арабија, за време на кусиот престој во Обединетите Арапски Емирати.
Помпео исто така го предупреди Техеран дека неговите акции имаат „навистина висока цена“, откако Иран се закани дека ќе прекине да ги снабдува со нафта земјите на Блискиот исток.
МИА