четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Помпео на средби со новите лидери на ЕУ

Помпео на средби со новите лидери на ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва доаѓа во работна посета на Брисел каде ќе се сретне со новоназначените лидери на институциите на ЕУ, објави Европската комисија.

Помпео вечерва ќе има „воведна средба“ со новоназначениот шеф на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Ова е прва можност за лично запознавање и размена на мислења. -рече портпаролката на Комисијата, Мина Андреева.
Европската комисија наведува дека посетата на американскиот државен секретар е планирана како посета за средба со новоназначените лидери на институциите на ЕУ и дека како таква ќе се одвива без изјави за медиуми и соопштенија.