четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Помпео: САД очекуваат да дојде до ослободувањето на заробените талибанци

Помпео: САД очекуваат да дојде до ослободувањето на заробените талибанци

САД работат на ослободувањето на околу 5.000 заробени талибанци од страна на авганистанските власти, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во интервју за „Фокс њуз“ .

Изјавата на Помпео се однесува на односот на Вашингтон кон вчера изразениот став на претседателот Ашраф Гани за тоа дека авганистанските власти немаат обрска да ги ослободат заробените талибанци.

Според „1TВ“, авганистанскиот лидер, исто така, кажа дека нема случен договор со американската страна за ослободување на талибанците, подвлекувајќи дека САД немаат надлежност да преземаат вакви договори.

Помпео од своја страна кажа дека тешкотиите при обидите да се „нарушат утврдените навики никого не треба да изненадуваат“.

-Ако го погледнете договорот (меѓу САД и талибанците), тој содржи одредба за размена на затвореници, тој се однесува на преговорите со сите страни, учесници во постигнувањето на договорот за ова прашање”, подвлече Помпео.

Помпео забележа дека американските експерти работат на примената на оваа клаузула од мировниот договор, што, според него, е „важен чекор за изградба на довербата”.

На 29 февруари во Доха беше потпишан мировен договор меѓу САД и авганистанските талибанци. Според договорот, на 10 март треба да почнат преговорите меѓу владата во Кабул и талибанците. Учесниците ќе го разгледаат времето и условите за постигнување на постојан и сеопфатен прекин на огнот и идниот политички акциски план за Авганистан.

Като дел од мерките за изградба на довербата, околу 5.000 членови на талибанците и илјада заробеници на групата треба да бидат ослободени до моментот на почетокот на преговорите.