Најмалку 15 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати во поплавите и одроните на Хаити по обилните дождови, соопштија властите.
Речиси 13.400 луѓе беа принудени да се евакуираат бидејќи стотици домови низ земјата беа поплавени, а некои улици се претворија во реки, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Повеќе од 7.400 семејства пријавиле штета, а властите се уште ги проценуваат последиците од дождовите што го погодија Хаити во текот на викендот.
Обилните дождови предизвикаа значителна штета и на посевите во централниот дел на Хаити.
Премиерот Ариел Анри рече дека работи со локални и меѓународни организации за да им се пружи помош на погодените од поплавите.