сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поплави во Германија, откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт

Поплави во Германија, откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт

Десетици летови беа откажани денеска на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот и еден од најголемите во Европа, поради поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Аеродромот соопшти дека синоќа на пистата се насобрало многу вода, јави ДПА.

На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми.
Делови од југозападна и централна Германија беа поплавени поради обилните врнежи.