Најмалку две лица загинаа во свлечишта и поплави што го погодија црноморскиот дел на Турција, јави новинската агенција Анадолија.
Обилни дождови ја зафатија провинцијата Риза, како и другите области, а надојдените води и свлечиштата предизвикаа голема материјална штета.
Поплавени се многу станбени и деловни згради, како и земјоделско земјиште.