петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради циклонот Амфан евакуирани повеќе од 2,6 милиони луѓе во Индија и Бангладеш

Поради циклонот Амфан евакуирани повеќе од 2,6 милиони луѓе во Индија и Бангладеш

Силниот циклон Амфан ги погоди денеска бреговите на Индија и Бангладеш, поради што повеќе од 2,6 милиони луѓе се евакуирани во засолништа.

Циклонот Амфан, еквивалент на ураган од категорија три, е проследен со ветар со брзина до 170 километри на час и максимални налети од 190 километри на час.

Властите предупредуваа дека тој може да предизвика голема штета на домовите и оти невремето може да ја потисне морската вода и до 25 километри на копно и да ги поплави градовите, вклучително и Калкута.