вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради дојава за бомба на 2 часа затворен мостот „Џорџ Вашингтон“ во Њујорк

Поради дојава за бомба на 2 часа затворен мостот „Џорџ Вашингтон“ во Њујорк

Дојава за бомба го затвори мостот „Џорџ Вашингтон“ во Њујорк на два часа пред полицијата да утврди дека не станува збор за експлозивна направа, соопштите локалните власти.

Сите ленти биле затворени откако било пријавено дека направата, за која постоеле сомневања дека е бомба, се наоѓала на делот од мостот поблиску до Њу Џерси.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио на Твитер ги повика патниците да најдат алтернативна рута за движење.