Пратеникот од Конзервативната партија во британскиот парламент Ник Периш, кој е суспендиран од партијата, поднесе оставка откако призна дека во два наврати гледал порнографски снимки за време на заседавање на парламентот.
Во интервју за Би-Би-Си Нил истакнал дека првиот пат случајно отворил таква содржина, додавајќи дека барал трактори на интернет, а вториот пат гледал со намера.
-Мое злосторство, најголемо злосторство е што гледав по вторпат, вели Нил истакнувајќи дека тоа што правел е погрешно.
Додал дека најпрво мислел пред комисијата да објасни што се случило, но кога видел колкава штета им нанел на семејството и избирачите, одлучил да си поднесе оставка. Својата постапка ја оправдувал како „момент на лудило“.