петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради падот на биткоинот „настрадаа“ 30.000 милионери

Поради падот на биткоинот „настрадаа“ 30.000 милионери

Падот на биткоин сруши 30.000 милионери.

Податоците на Finbold, покажуваат дека помеѓу октомври 2021 и јануари 2022 бројот на биткоин адреси со повеќе од милион долари е намален за 28.186, односно за 24,2 отсто. Листата на оние кои се збогатија со биткоин е многу пократка ако се анализираат последните три месеци.

Wallets, односно парите на кои стои состојбата на криптовалутата, на кои имаше повеќе од 100.000 долари забележа пад од 32% од 10.319 на 7.0008. Во моментов е невозможно да се одреди кои сопственици претрпеа загуби поради анонимноста која е одлика на биткоин.

Крипто пазарот работи со загуби. Во црвено се речиси сите криптовалути во моментов, а најпознатата биткоин бележи намалување за едно деноноќие од 3,75 проценти и сега се тргува за 36.174 долари.