Една четвртина летови на „Ер Франс“ денеска се откажани поради штрајк на пилотите и останатиот персонал, барајќи шест отсто зголемување на платите, кои долги години се замрзнати.
Тоа е најголем шести штрајк на вработени во „Ер Франс“ од февруари оваа година.
Синдикатите планираат нови протести во следните недели, а ќе им се приклучат и вработени во железница поради економските реформи кои планира да ги спроведе францускиот претседател Емануел Макрон.
МИА