На аеродромот во Минхен се откажани околу 90 летови поради силни снежни врнежи кои зафатија делови од централна Европа, соопшти Управата на аеродромот.
Минхенскиот аеродром е втор по големина во Германија, по аеродромот во Франкфурт.
Утрово во јужните делови на Германија, Австрија и Швајцарија се забележани нови снежни покривки.