понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради сомнителна пратка опсада околу украинскиот конзулат во Брно

Поради сомнителна пратка опсада околу украинскиот конзулат во Брно

Чешката полиција денеска блокираше улици во градот Брно каде се наоѓа конзулатот на Украина, откако беше откриена сомнителна пратка.

Пратката што била испорачана во конзулатот наликувала на неодамнешната бомба испратена до дипломатската мисија на Украина во Шпанија. Чешката полиција на Твитер соопшти дека пратката во моментов се проверува.

Евакуирани се вработените во конзулатот, затворени се сите околни улици, а евакуирана е и блиската градинка.

Чешката полиција ги повика вработените во сите дипломатски претставништва и производители на оружје да ги зголемат безбедносните мерки.