вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради влошување на безбедносната состојба Чешка ги повика нејзините граѓани да ја напуштат Русија

Поради влошување на безбедносната состојба Чешка ги повика нејзините граѓани да ја напуштат Русија

Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија поради влошување на безбедносната состојба, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи.

„Со оглед на воената инвазија на Руската Федерација во Украина што е во тек и можната закана за влошување на безбедноста во земјата, особено за граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО, чешкото Министерство за надворешни работи силно повикува на напуштање на територијата на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

Изминатите денови ист повик за своите граѓани упатија и други членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Полска, Романија и Бугарија. (МИА)