Букмејкери прифатиле облог од пет милиони долари на победа на Трамп на претседателските избори, за кои се верува дека е најголемиот политички облог во историјата.
Поранешен банкар користел приватни обложувачници регистрирани на карипскиот остров Курасао за облог од 37/20 – што значи дека би можел да освои 15 милиони долари доколку Трамп биде избран за втор претседателски мандат, изјавија извори за британски „Сан“.
Мистериозниот обложувач самоуверено влегол во овој огромен облог откако се консултирал со „упатените од таборот на Трамп“, истакнува весникот.
– Сметаме дека ова е најголемиот облог што некогаш е направен за политички настан, изјави извор од букмејкери. Во изминатите четири часа 71 отсто од облозите се за победа на Трамп, објавија од сајтот Oddscheker. (МИА)