четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешен јапонски министер и неговата сопруга обвинети за купување гласови

Поранешен јапонски министер и неговата сопруга обвинети за купување гласови
Japanese Justice Minister Katsuyuki Kawai bites his lips, surrounded by reporters, after submitting his resignation to Prime Minister Shinzo Abe at Abe's official residence in Tokyo Thursday, Oct. 31, 2019. Kawai resigned over election fraud allegations involving his wife, also a lawmaker, and about his own gift-giving allegations reported in a tabloid magazine. (Yoshitaka Sugawara/Kyodo News via AP)

Поранешниот јапонски министер за правда Кацујуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Анри денеска се обвинети за купување гласови на минатогодишните избори, откако двајцата беа уапсени минатиот месец, соопшти судот во Токио.

Кацујуки (57) и Анри (46) се уапсени во јуни под сомнение дека платиле милиони јени на поличари и приврзаници во префектурата Хирошима, за да обезбедат гласови на изборите за Горниот дом на Парламентот во јули минатата година.

Во соопштениерто од судот се наведува дека тие уплатиле 1,7 милиони јени (15.800 долари) на сметките на пет лица, а Кацујуки платил 27,31 милиони јени (255.000 долари) на 103 лица, за Анри да биде избрана во Горниот дом на јапонскиот Парламент.

Кацујуки Каваи призна дека уплатувал пари, но негираше дека имал намера да купува гласови, додека Анри изјави дека не се сеќава дека била вклучена во нелегални активности.

Ако брачната двојка биде прогласена за виновна, тогаш ќе биде поништена победата на Анри Каваи во дистриктот Хирошима. (МИА)