сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешни разузнавачи откриваат: ЦИА сакаше да го киднапира и убие Асанж додека беше во амбасадата

Поранешни разузнавачи откриваат: ЦИА сакаше да го киднапира и убие Асанж додека беше во амбасадата

ЦИА планирала да го киднапира основачот на Викиликс Џулијан Асанж од амабасадата на Еквадор во Лондон, тврдар поранешни разузнавачки лица.

Поранешните американски официјални лица рекле, во истражување за Јаху њуз, дека ЦИА размислувале за убиство на Асанж, но дека меѓу највисоките кругови постоела загриженост поради ваквиот чин.

ЦИА била бесна поради објавите на Викиликс, па високи официјални лица барале „планови“ и „опции“ за тоа како да го убијат Асанж, се наведува во истражувањето.

Истражувањето на Јаху њуз, вклучува разговори со повеќе од 30 поранешни американски официјални лица, од кои осум детално ги опишале предлозите на ЦИА за киднапирање на Асанж.

Асанж е во затвор до април 2019 година. Пред тоа помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Обвинителството на САД го обвини Асанж за 17 точки, дека шпионирал и хакирал државни компјутери, а потоа дека на Викиликс објавил воени и дипломатски документи. Обвиненијата носат потенцијална казна од 175 години затвор.