сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот американски претседател го слави својот 97-ми роденден

Поранешниот американски претседател го слави својот 97-ми роденден

Поранешниот американски претседател Џими Картер денеска, тивко и без галама, го прославува својот 97 -ми роденден, во својот дом во американската сојузна држава Џорџија.

Картер, најстариот меѓу американските претседатели, не планира да се појавува во јавноста, како што тоа не го правеше во претходниот период поради пандемијата на коронавирус.

Во честитките упатени до него во пресрет на неговиот роденден, многумина се фокусираа на неговата работа по напуштањето на функцијата претседател на Соединетите држави, како волонтирање, пишување книги и борба за правда.

Картер и неговата сопруга Росалин прославија 75 години од брак во јули.