петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот француски претседател во болница поради респораторни проблеми

Поранешниот француски претседател во болница поради респораторни проблеми

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен (94) денеска бил примен во болница откако се пожалил на респираторни проблеми, изјави еден од неговите соработници, пренесоа британските медиуми.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ претходно соопшти дека Д’Естен,  кој беше на чело на Франција од 1974 до 1981 година, се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Жискар Д’Естен ја предводеше модернизацијата на француското општество, дозволувајќи го разводот со заедничка согласност, легализирањето на абортусот и намалување на возраста за гласање од 21 на 18 години.