вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан доби петгодишна забрана да се занимава со политика

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан доби петгодишна забрана да се занимава со политика

Изборната комисија на Пакистан денеска на поранешниот премиер Имран Кан му забрани да се кандидира за политичка функција во следните пет години, откако беше прогласен за виновен по обвиненијата за корупција, јавија британските медиуми.

Неколку телевизиски канали јавија дека Изборната комисија на Пакистан одлуката ја донела во согласност со пресудата што беше донесена против него пред три дена.

Според законите во Пакистан, осудено лице не може да се кандидира за избрана функција во рок определен од Изборната комисија, но не повеќе од пет години.

Кан во саботата беше осуден на три години затвор. Тој беше уапсен во неговиот дом во Лахоре и одведен во затвор во близина на Исламабад.

Поранешниот премиер беше обвинет за нелегална продажба на државни подароци додека беше на функцијата во периодот 2018-2022 година.

Адвокатите на Кан поднесоа жалба на пресудата, а Вишиот суд во Исламабад утре ќе ја разгледа жалбата.