петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Португалија го регистрира најтоплиот јули од 1931 година

Португалија го регистрира најтоплиот јули од 1931 година

Португалија го забележа најтоплиот јули минатиот месец со просечна температура од 25,14 степени Целзиусови, објави денеска метеоролошката служба на државата.

Горештините ја влошија сушата во Португалија, со 45 отсто од земјиштето во „екстремна суша“, а остатокот во „тешка суша“.Португалската метеоролошка служба објави дека овој јули е најтопол од почетокот на националното мерење на температурата во 1931 година. Просечната температура овој јули е за речиси три степени Целзиусови повисока од очекуваниот јулски просек.

Климата во јужна Европа се менува и почнува да наликува на климата во Северна Африка, велат експертите.  (МИА)