Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти, потенцирајќи дека е во тек акцијата за спасување на околу 15 члена на екипажот, кои се наоѓаат во чамци во морето.
Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека бродот со сув товар потонал крај брегот на регионот Инкуму, додавајќи дека нема извештаи за жртви, јави државната агенција Анадолу.
Причината за инцидентот засега не позната.
-Ќе почнеме со спасувачки операции на приближно 15 члена на екипажот заглавени во три спасувачки чамци, рече Гунер.
„Во моментов нема извештаи за жртви или потонување на чамците за спасување“, додаде тој.
Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето. (МИА)