Три лица загинаа, а 16 се водат за исчезнати, oткако туристички брод се судри со друг брод во Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јави државната телевизија.
На туристичкиот брод имало 32 патника и членови на екипажот во момент на несреќата што се случила во близина на зградата на унгарскиот Парламент.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќето туристи биле од Азија и дека едно лице по спасувањето е успешно реанимирано.
Во тек е потрага по преживеани што се одвива по силен дожд.