вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 300 бродови чекаат да го поминат Суецкиот Канал

Повеќе од 300 бродови чекаат да го поминат Суецкиот Канал

Шефот на египетската служба за управување со Суецкиот Канал денеска изјави дека силниот ветер не е главната причина за заглавувањето на товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given).

Продолжуваат операциите за ослободување на бродот долг 400 метри,  кој од вторникот го блокира бродскиот сообраќај.

– Силните налети на ветерот и метеоролошките фактори не се единствените главни причини за заглавувањето на бродот, бидејќи и други грешки, човечки или технички, исто така може да одиграле улога, рече Осама Рабие на прес-конференција во Суец.

– Истрагата ќе ги открие сите овие фактори, рече тој.

Рабие појасни дека денешните напори да се помести гигантот „Ever Given“ овозможија да се придвижи крмата (заден дел) и кормилото, но останува нејасно кога ќе може да плови.

Тој рече дека Египет губи помеѓу 12 и 14 милиони долари на ден од блокирањето на каналот.

Во моментов, 321 брод чекаат да го преминат Суецкиот Канал.