Повеќе од 300 екстремисти на групата Исламска држава, кои се наоѓаат во мала област во источна Сирија, одбиваат да се предадат на сириските бунтовнички сили поддржани од САД и се обидуваат да преговараат за повлекување.
Според неименуван извор запознат со преговорите, екстремистите бараат воспоставување коридор до северозападната провинција Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.
Сирискиот центра за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека барањето на ИД да се евакуираат нејзините припадници во соседен Ирак, исто така, е одбиено.
Последните екстремисти се наоѓаат во источниот дел на Сирија и се кријат меѓу стотина цивили.