недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повеќето Германци не сакаат промена во сметањето на времето

Повеќето Германци не сакаат промена во сметањето на времето

Големо мнозинство од Германците сакаaт да се укине сегашниот систем за промена на сметањето на времето два пати годишно, покажуваат резултати од анкета објавени денеска.

Околу 80 отсто од анкетирани 3.500 Германци сметаат дека промената во сметањето на времето е непотребна и треба да се укине.

Речиси една четвртина од учесниците во анкетата, која ја спровела компанијта за здравствено осигурување ДАК, рекле дека како резултат на менувањето на зимското време имаат здравствени проблеми.

Резултатите од европската анкета, објавени во август, покажаа дека 84 проценти од луѓето сакаат да остане летното сметање на времето и да се укине преминувањето кон зимско. Во ова испитување од вкупно 4,6 милиони испитаници, три милиони биле Германци.

Европската комисија објави дека ќе предложи укинување на промената на времето во ЕУ.

Здравствените проблеми предизвикани од промената во сметањето на времето вклучуваат замор, проблеми со спиењето, лошо расположение и недостиг на концентрација.

Часовниците ќе се вратат за еден час во ноќта меѓу 27 и 28 октомври.