понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повластени цени на дериватите во Унгарија само за возилата со унгарски регистарски таблички

Повластени цени на дериватите во Унгарија само за возилата со унгарски регистарски таблички

Унгарската Влада денеска ќе донесе одлука со која нафтени деривати по повластени цени во земјата ќе можат да точат само возилата со унгарски регистарски таблици, соопшти Гергели Гуљаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија на 15 ноември минатата година ги замрзна цените на бензинот и на обичното дизел гориво на износ од најмногу 480 форинти или 1,2 евра за литар, мерка што не се однесува за премиум-горивата.

Причина за донесувањето на таквата одлука е тоа што се поголем број возачи од странство полнат гориво на унгарските бензински пумпи поради ниските цени, пред се во пограничните подрачја на земјата.